Буфон ја откри најголемата „дамка“ од младоста: „Она од што најмногу се срамам е…“

Легендарниот Џанлуиџи Буфон важи за еден од најдобрите голмани на сите времиња, но патот до тој момент беше полн со многу неочекувани настани.

Славниот Италијанец на конференција откри за што најмногу жали.

– Направив многу грешки кога бев млад. Најмногу ми е срам е тоа што купив диплома за средно образование. Тоа е нечесно. Не сакам да земам кратенки до успехот. Но, добро, не сум совршен и мислам дека затоа сум близок со луѓето – изјави Буфон на конференцијата „Campioni sotto le stelle“.

Да потсетиме, легендарниот Џиџи ја заврши професионалната кариера на 46 години, а недолго потоа застана на чело на делегацијата на италијанската репрезентација.