Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, најавува дека ќе предложи на претстојните парламентарни избори да има отворени листи.
Османи на својот Фејсбук профил пишува дека граѓаните треба да имаат право да ја изберат не само партијата туку и кандидатот
„За претстојните парламентарни избори, ДУИ официјално ќе предложи отворени листи.
Граѓаните треба да имаат право да ја изберат не само партијата, туку и кандидатот што ќе ги претставува.
„Ова е најфер начин да се овластат гласачите и да се гарантира вистинска застапеност во Собранието“, пишува Османи.