Уште пред официјално да започне изборната кампања, претседателските кандидати почнаа да го користат моментот за себепромоција. Арбен Таравари го чека одговорот на кандидатите за саботна дебата за иселувањето, Стево Пендаровски бара дебата во американски стил, додека Бујар Османи ги кани кандидатите на ифтар. Претседателот Пендаровски предлага две големи дебати, едната на почетокот, а другата на крајот од кампањата, а трошоците пропорционално ќе ги покријат сите кандидати.

„Овие дебати би се одржале според сите светски стандарди и правила за дебатата која ќе трае три часа. Сите кандидати ќе можат да ја откријат својата програма и да ја претстават пред граѓаните. Секој кандидат ќе може да донесе своја публика, а ќе бидат присутни и медиумите. Сметам дека црните кампањи им дојдоа преку главата на граѓаните и мислам дека мастер дебатите ќе бидат голем чекор напред“, рече Пендаровски.
Бујар Османи ги покани на заеднички ифтар сите претседателски кандидати, со исклучок на Стевче Јакимовски, кој во понеделникот заврши на американската црна листа и кандидатката на Левица, Билјана Ванковска.
„Ги поканувам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар за во духот на овој свет месец да разговараме и договориме позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за европска претседател“, рече Османи.
Арбен Таравари ќе ја прифати поканата, но рече дека денеска не може да дојде бидејќи веќе имал закажано ифтар со деца заболени од Даунов синдром. Од друга страна, за саботната дебата во Тетово на тема иселување сè уште ги чека одговорите од кандидатите.
„До сега добив одговор само од Пендаровски, со кого се сретнав пред половина час во Чаршија. Реков дека нема право да оди на дебати пред да почне кампањата затоа што е претседател. Кога ќе почне кампањата, тој е подготвен да дојде на дебатите и заедно да разговараме за прашањата кои се од интерес за граѓаните“, рече Таравари.
Иако претседателската трка сè уште не е официјално почната, кандидатите не се двоумат да покажат популизам преку средби со разни категории граѓани, секојдневни активности и присутност на социјалните мрежи.