Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи во Фејсбук статус напиша дека сега веќе не се работи за позиција или опозиција, туку како што вели тоа е колективна одговорност. Понатаму, Османи нагласува дека никој нема да остане рамнодушен пред напорите да се шири меѓуетничка омраза или како што вели Османи да се поткопува се што е изградено.
„Не во мое име“ Во вакви времиња, кога секојдневно се пишува историја, секој од нас, без разлика на позицијата или политичката и партиската припадност, има голема одговорност како граѓанин. Никој не може да остане рамнодушен пред обидите да се шири меѓуетничка омраза, да се наруши достоинството и еднаквоста или да се поткопа се што изградивме со толку жртви“, напиша Бујар Османи од Демократската унија за интеграција.
„Веќе не е прашање на позиција или опозиција, туку прашање на совест и колективна одговорност.
Секој што ќе се обиде да ги уништи нашите вредности за целосна еднаквост, соживот, треба да знае дека секој граѓанин што ја гледа оваа земја како заеднички дом на народите што живеат овде, ќе го крене својот глас.
Ова не е повик за поделба, туку за единство.
Најголемото богатство на нашата држава е нашата рамноправност и мултиетнички мозаик, а тоа нема да може да го уништи ниту еден слуга на тесните идеи.
Сега е време кога секој од нас мора да каже: „Не во мое име“.
Ние не сме гледачи, туку активни учесници во заштитата на она што ни е најскапоцено – нашата еднаквост, единство и хармонија“, напиша Бујар Османи на Фејсбук.