Бујар Османи, претседавачот со ОБСЕ, е во официјална посета на Украина

– Претседавачот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денес реализира официјална посета на главниот град на Украина, Киев.

„Го сведочам влијанието врз децата и образованието во училиште во Киев, кој е цел на нападите на РФ (Руската Федерација)“, рече Османи, кој е и министер за надворешни работи на Северна Македонија, во изјава објавена на социјалната мрежа Х.

Османи рече дека неговите согледувања се потсетување на „итната потреба за мир“ и дека Програмата за вонбуџетна поддршка на ОБСЕ за Украина обезбедува психосоцијална помош на децата погодени од конфликтот.

„Секое дете заслужува безбедност, образование и светла иднина“, додаде тој.

Османи подоцна разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, се вели во објавата на Х.

Од своја страна, Кулеба рече дека Киев го цени „цврстиот став на Претседателството на Северна Македонија во одбрана на принципите на ОБСЕ и против нападите на Русија врз Украина“.

„Исто така, повикав на дополнителни меѓународни механизми за да се обезбеди безбедно враќање на украинските цивилни затвореници“, додаде Кулеба.

Претходно денеска во соопштението на ОБСЕ беше наведено дека Османи за време на посетата ќе оствари средби со „високи владини претставници, пратеници, граѓанското општество и персоналот на Програмата за вонбуџетна поддршка на ОБСЕ за Украина“.

„Дискусиите ќе се фокусираат на предизвиците со кои се соочуваат цивилите поради тековната војна на Русија против Украина и континуираната улога на ОБСЕ во поддршката на народот, институциите и граѓанското општество на Украина“, се вели во соопштението.