Закажана сензационална борба на годината: Мајк Тајсон се враќа во рингот против Јутјуберот, борбата ќе се емитува на Нетфликс!

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Тајсон некако изненадувачки го потврди мечот со една од попознатите YouTube ѕвезди Џејк Пол.

Имено, Џејк Пол претходно го побара мечот, го закажа, откако направи успех против Рајан Бурланд, а моментално има фантастичен учинок од девет победи и еден пораз на десет меча. Шест пати мечот завршуваше со нокаут.

За некои Тајсон е најдобриот борец досега, но треба да се биде објективен и да се каже дека е далеку од топ форма, моментално има 57 години. Во кариерата има биланс од 50 победи, шест порази и две нерешени на вкупно 58 натпревари. За неговите челични тупаници сведочи фактот што во кариерата забележа 44 нокаути.

Натпреварот е закажан за 20 јули годинава, ќе се одржи на „AT&T Stadium“ во Тексас, а директниот пренос ќе биде обезбеден на добро познатата стриминг платформа Нетфликс.