Бујар Османи: Рамката за преговори е веќе ѕид, не ме интересира дали ќе има нови барања

Шефот на дипломатијата на Република Македонија Бујар Османи вели дека преговарачката рамка е ѕидот и дека не му е грижа дали ќе има нови барања од бугарска страна.

„Рамката за преговори е веќе ѕид и апсолутно не ми е гајле дали утре ќе има нови барања од некоја бугарска влада, кои можеби ќе бидат понационалистички, ние веќе изградивме ѕид во кој точно ги дефиниравме линиите што може да помине а што не може“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи во емисијата „Стадион“ на радио „Канал 77“.

Осмнаи претходно нагласи дека земјата успешно го завршила процесот на скрининг, кој го спореди со проект за изградба на куќа.

„Значи ова е проектот, овде се утврдува како изгледаат преговорите, само тие што ќе се издвојат овде како барања, само тие можат да бидат барања. Проекцијата е толку важна и ја завршивме многу успешно“, рече Османи.

Неговата бугарска колешка Марија Габриел изјави дека уставните измени не се единствениот услов Македонија да ги отвори преговорите со Европската унија (ЕУ).