– Особено задоволство ми е кога ветеното се реализира и има резултат. Во криза се важни пријателите, а ЕУ докажа дека има слух за нашите барања – да ни помогне кога беше најдобро, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод презентацијата на грантот од ЕУ за земјава, вреден 80 милиони евра.
Како што напомена Ковачевски, грантот е веќе достапен и овие средства се поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка за малите и средните претрпијатија, за одржување на нивниот бизнис, како и за инвестиции на државата во енергетската транзиција, во обновливите извори и во енергетската ефикасност.
Во октомври лани, потсети премиерот, кога претседателката на Европската комисија Урсула Фондерлајен беше во посета на нашата држава, порача дека ЕУ ќе биде покрај Северна Македонија и дека заедно ќе ги надминеме предизвиците од кризата.
-Го потишавме договорот Фронтекс и Фондерлајен најави грант од 80 миолиони евра. Овие средства се веќе достапни и ќе се користат како дел од пакетот антикризни мерки вредни над 760 милиони евра. Според Светска банка, ова е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата. За 2023 година во посебна програма се предвидени 225 милиони евра за справување со енергетската криза, рече Ковачевски и дополни дека Владата во соработка со сите инстутуции и ЕУ спречи ценовен шок, овозможи стабилно снабдување со електрична енергија, го зголеми домашното производство на струја, обезбеди стабилна цена и стабилизација на инфлацијата која три месеци по ред паѓа.
Пред пристуните се обрати и евроамбасадорот Дејвид Гир. Според него, овој настан уште еднаш покажува дека ЕУ ги исполнува ветувањата, дека солидарноста меѓу земјите членки, сегашни и идни, е фундаментална и опиплива вредност.
-ЕУ ќе биде со Северна Макеоднија во врме на криза како што ќе биде и во градењето на подобра иднина, рече Гир, обраќајки се на македонски јазик.
И тој потсети дека ЕУ минатата година вети 80 милиони евра, а сега го исполнува тоа. Гир најави и дека во поглед на инвестициите во чиста енергија ќе има уште повеќе поддршка како дел од пакетот од една милијарда евра што ЕУ ги подготви за Западен Балкан.
Во тек се обраќањата на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и на министерот за финансии Фатмир Бесими.
На настанот во Владата присуствуваат и министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.