ВАГНЕР ОЧАЈНО МОЛИ ЗА НОВИ БОРЦИ – Вакво ‘перење на мозок’ во емисија во живо не се памети досега: “Момци, достоинствено дочекајте ја Третата светска војна!“ (видео)
Владимир Соловјов, главниот пропагандист на Владимир Путин, учествуваше во рекламно видео за регрутирање објавено од групата Вагнер, озлогласена платеничка група предводена од рускиот олигарх Евгениј Пригожин.
Во бизарното видео, кое предизвикува морници кај многумина Украинци, Соловјов и Пригожин прво се прегрнуваат, а потоа започнува „перењето на мозокот“ резервирано за руската јавност.
Неверојатно е тоа што го тврди Пригожин: „Момци, ова е реклама на каналот на Соловјев во живо! Јавете се и придружете се на приватната воена група Вагнер. Ќе научите како се работи машката работа и достоинствено ќе ја дочекате Третата светска војна!“
Потсетуваме дека Европската унија и САД ја санкционираа Вагнер групата, а Вашингтон ја прогласи за транснационална терористичка организација. Евгениј Пригожин беше санкциониран од САД и другите западни земји.