ВАГНЕР ЈА ‘ТРЕСЕ’ ЕВРОПА – Полска испраќа уште 2.000 војници на границата со Белорусија, а Русија ја зајакнува границата со Финска

Во средата, Полска најави распоредување на дополнителни 2.000 војници на нејзината граница со Белорусија, а Русија соопшти дека ќе ги зајакне своите сили на нејзините западни граници. 

Полска ќе испрати две илјади војници на границата со Белорусија за поддршка на граничната полиција“, изјави за медиумската агенција PAP заменик-министерот за внатрешни работи, Мачеј Васик.

Ова е двојно повеќе од барањето на граничната полиција, а ќе ја спречи илегалната миграција и ќе ја одржи стабилноста“, тврди заменик-министерот.

Новите 2.000 луѓе треба да бидат распоредени во рок од две недели и ќе им се придружат на 2.000 војници кои се веќе распоредени во близина на границата со БелорусијаПолска е загрижена за својата погранична област откако стотици платеници од групата Вагнер минатиот месец пристигнаа во Белорусија на покана на претседателот Александар Лукашенко.

Полска, исто така, забележа зголемување на бројот на претежно мигранти од Блискиот Исток и Африка кои се обидуваат да ја преминат границата во последните месеци.

Во изминатите две години официјална Варшава ја обвинуваше Белорусија дека регрутира мигранти во сиромашните земји и илегално ги испраќа преку граница за да поттикне нестабилност.

Мачеј Васик исто така вели дека сите обиди за илегален влез на мигранти во Полска се организирани од белоруските власти. Амбасадата на Белорусија во Варшава не одговори на барањето на медиумската агенција Reuters за коментар.

Министерот за одбрана на РусијаСергеј Шојгу, во средата најави дека Русија ќе ги зајакне своите сили на западните граници. Истакнувајќи дека Полска најави зајакнување на своите граници, Сергеј Шојгу вели дека очекува НАТО да распореди значителни сили и оружје во близина на Финска, која оваа година се приклучи на Алијансата.