ВАКА Е ПОГОДЕН КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР ВО РУСИЈА: Објавена снимка од украинскиот воздушен удар во Белгород (ВИДЕО)
На интернет се појави видео на кое се вели дека го прикажува украинското уништување на командниот центар на руската армија во Нехотеевка, Белгородска област.
На снимката се гледа удар во тој објект и експлозија, по што се е покриено со густ чад.
Украинската војска објави дека погодила клучна руска командна станица во областа, откако беа пријавени напади со беспилотни летала во неколку области на Русија.
„Киев пост“ објави дека овој напад уследил по оној изведен во петокот, кога украинските сили погодија складиште на дронови „Шахид“ во рускиот регион Краснодар.
Се известува дека Генералштабот на Армијата во Киев соопштил дека вооружените сили на Украина рано утринава успешно ја уништиле контролната позиција на рускиот моторизиран стрелачки полк.
Le Forze Armate Ucraine hanno colpito con successo il Posto di Comando, del Reggimento di fucilieri motorizzati, distrutto magazzino di #Shahed 136/Geran della Marina russa, nel #Kraj di #Krasnodar e distrutti istruttori che formavano il personale!🔥
— Mala💎 👑 (@Renata59410304) June 23, 2024
Regione di #Belgorod 🦾💥 pic.twitter.com/SxjDiKVs2r
– Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, во соработка со другите компоненти на одбранбените сили, успешно ја нападнаа контролната позиција на противничкиот моторизиран пушки полк во Нехотеевка, Белгородска област. Беа снимени експлозии и успешно е погодена целта – пишува во објавата на украинскиот Генералштаб на официјалниот профил на Фејсбук.
Air strike on Russian target in Belgorod region of Russia. (50.34183, 36.29307)https://t.co/HkvZHF8Rbmhttps://t.co/ACvGPIGkda pic.twitter.com/Y7mmIC588M
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) June 23, 2024