ВАКА ИЗГЛЕДАШЕ КЕЈТ МИДЛТОН ПОСЛЕДНИОТ ПАТ ВО ЈАВНОСТА: ПОРАДИ ОВА БЕШЕ ЈАСНО ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД

По таа објава, многумина проверија кога последен пат ја виделе Кејт и од нејзиното последно појавување според многумина можеше да се прочита дека нешто се случува. Еве за што се работи.

Веста дека Кејт Мидлтон завршила на операција на абдоменот го изненади светот. Како што е соопштено, операцијата била планирана, а Кејт ќе ја видиме дури после Велигден.

– Принцезата од Велс го цени интересот што ќе го предизвика оваа изјава. Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да одржува што е можно повеќе нормалност за нејзините деца и сака нејзините лични медицински информации да останат приватни, се вели во соопштението на палатата.

Кејт Мидлтон се појави во јавноста само 4 пати во декември

– Затоа палатата Кенсингтон ќе обезбеди ажурирања за напредокот на Нејзиното кралско височество само кога ќе има нови значајни информации за споделување, се додава во соопштението.

– Принцезата од Велс би сакала да му се извини на сите загрижени што морала да ги одложи своите претстојни ангажмани. Со нетрпение го чека што поскоро враќање, се истакнува во соопштението од палатата.

По таа објава, многумина проверија кога последен пат ја виделе Кејт и од тоа можеше да се прочита дека нешто се случува. Се испостави дека таа се појави во јавноста само четири пати во декември, а последен пат на Божиќ .

Таа потоа му се придружи на кралското семејство на нивната традиционална прошетка до Божиќната миса во црквата Света Марија Магдалена.

Принцезата од Велс беше домаќин на концерт со божиќни песни во Вестминстерската опатија на 8 декември, каде што ѝ се придружија многу членови на кралското семејство – вклучувајќи ги и нејзините деца.

Три дена претходно, на традиционалниот прием за членовите на дипломатскиот кор во Бакингемската палата, Кејт беше во розов фустан на Џени Пакам со дијадема на главата.

Истиот ден, Кејт отвори нова дневна хируршка единица во Детската болница Евелина во Лондон.