Вака изгледаше Теодора Џехверовиќ на венчавката на Девито: Фановите ја разоткрија, таа блесна во мал црн фустан (ФОТО)

Раперот Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, се заколна на вечна љубов со својата девојка со која се вери пред неколку месеци. Младиот изведувач организирал сè во апсолутна тајност, па од своите 70-тина гости барал да потпишат договор за доверливост, а на секој од нив им било забрането да користи мобилен телефон, за да не се појавуваат снимки и фотографии во јавноста, пишуваат тамошните медиумите.

Денеска на социјалните мрежи се појави првата фотографија за која се претпоставува дека е од неговата свадба, а е на пејачката Теодора Џехверовиќ.

Познато е дека покрај тоа што Теодора и Девито работат со ист тим и имаат заеднички песни, тие се и многу добри пријатели и се очекуваше таа да се појави на еден ваков голем и важен настан на популарниот рапер.

Имено, вчера Теодора сподели фотографии во елегантен црн фустан, а корисниците на социјалната мрежа Х веднаш поврзаа дека така облечена отишла на свадбата на својот пријател.

– Теодора ,,фатена” на свадбата на Девито – напишал корисникот.