Вака изгледа внатрешноста на домот на Вељко Ражнатовиќ и Богдана во Тител: Мебел од најквалитетно дрво и уметнички дела

Синот на најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ живее со сопругата Богдана во куќа во Тител, која двајцата ја уредувале според нивните потреби.

Домот во Тител е опкружен со ѕидови, додека има пространа дневна соба, која е вистински салон.

Мебелот е изработен од најфино дрво, додека на ѕидовите има уметнички дела.

Долгите драперии и завеси му даваат посебен шмек на елеганцијата на нивниот дом.

Вељко во едно интервју ја откри динамиката на врските во неговото семејство.

-Таа е столбот што го одржува целото семејство. Таа се грижи за мене и за децата. Сега јас имам некои други обврски, но секако се грижам и за децата, никој да не помисли дека не го правам тоа, туку значително помалку од неа. Сето тоа го зеде на себе. Таа е таква жена што можете само да ја посакате – рекол Вељко за својата сопруга во едно интервју.

Да потсетиме, Вељко Ражнатовиќ и неговата партнерка Богдана Ражнатовиќ наскоро ќе добијат трет син кој ќе го крстат Илијан.

Вељко призна дека може да има уште едно дете со сопругата Богдана, откако таа ќе го роди нивниот трет син.

-Таа сега ќе има царски рез по трет пат и потоа можеме да имаме уште едно дете – објасни Вељко за подкастот на Информер.