Вака изгледа животот на – 71 степен: На најстуденото место на планетата куќите немаат тоалети, а една појава е фрапантна (ВИДЕО)
Деновиве во Македонија температурите се под нулата и многу луѓе не сакаат да излезат надвор поради мразот. Но, тие десет степени под нулата изгледаат многу пријатни во споредба со -45, каде моментално е во Јакутск, најстудениот град во светот .
Просечната температура таму за јануари е -50°C, а најниската температура досега измерена во овој руски град е -71 степен (поточно, во селото Ојмјакон, кое се смета за најстудено место на Земјата).
Јануари е најстудениот месец во Јакутск, а жителите на овој град преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат. Меѓутоа, воздухот е толку студен што ја уништува кожата, па затоа премрзнувањето е постојана опасност, пишува Index.hr.
Како живеат луѓето во Јакутск?
Па, како луѓето воопшто го преживуваат овој студ? Имено, нивните домови се добро изолирани, опремени со специјални системи за греење, а облеката која штити од студот стана незаменлив дел од нивниот живот.
За да се заштитат од студот, жителите на Јакутск имаат не само една, туку честопати и три излезни врати од зградата, како и теписи на надворешните скали бидејќи улиците се замрзнати и лизгави.
Во селото Ојмјакон, на пример, луѓето живеат без канализација бидејќи цевките замрзнуваат, па тоалетите се претежно надвор од куќата. Замрзнуваат и мобилните телефони, а оние кои немаат загреани гаражи не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ бидејќи не би можеле да ги запалат наутро.
Јакутск има приближно 355.500 жители, а луѓето главно се занимаваат со сточарство и риболов. Ројтерс во минатогодишниот извештај ги праша жителите на овој град како се справуваат со студот. Многумина одговориле дека дури и не чувствуваат дека е толку студено бидејќи нивниот мозок едноставно е подготвувен за тоа. Ниските температури за нив се нормални, велат, бидејќи се навикнати одамна.
Во градот кој се наоѓа на приближно 450 километри јужно од Арктичкиот круг, земјата е студена дури и во лето, кога температурите може да се искачат до 30 степени или повеќе. Земјата никогаш не се одмрзнува. Но, интересното е што во Јакутск во лето има многу комарци бидејќи лежи на реката Лени.