Вака изгледа кавга меѓу Босанка и Словенка на море! Дамите излегоа на тераса да се расправаат, паднаа тешки зборови, мажите побегнаа (ВИДЕО)

Босанка и Словенка жестоко се скарале за време на нивниот одмор во хотел на Јадранско Море.

Снимката од жестоката пресметка, која била снимена во Неум, предизвика бура на социјалните мрежи каде коментарите не престануваат да се слеваат.

Кавгата очигледно настанала поради вревата од станот во кој престојува Словенката, на што Босанката се побунила. Дамите излегоа на терасите да се објаснат, а во текот на бурната дискусија можеа да се слушнат и жестоки навреди.

– Јас не сакам пор*ич овде! Дали си нормална жено – рекла Босанката.

Словенката одговара дека го платила станот и дека ќе го почитува куќниот ред, кој е од полноќ до седум часот наутро.

– Платив, и сега ќе урлам колку сакам – упорно повторува Словенката.

– Прашањето е, што правиш на балконот, глупаво жено? Срам да ви е – продолжи Босанката.

Коментарите само се редат. Многу корисници шпекулираат што всушност се случило и што ја предизвикало расправијата.

– А сопрузите се сокриле – вели еден корисник.

– Не се сокриле! Овој од Босанката седи на страна, а Словенецот е внатре, влегол па излегол – објаснил корисникот кој ја снимил расправијата.

– Култура на ниво – додаде друг корисник.