Вака изгледа таткото на Војаж! Беше телохранител на Ѓинѓиќ, по неговото убиство побегна во Франција и сега се појави во шоуто

Таткото на младата музичка ѕвезда, Михајло Веруовиќ Војаж, Милан Веруовиќ, беше еден од гостите во неделното издание на емисијата „Ново јутро“ што ја води водителката Јована Јеремиќ по повод годишнината од смртта на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во 2003 година во организиран атентат пред зградата на Владата на Србија.

Патување

За потсетување, Веруовиќ беше еден од телохранителите на Ѓинѓиќ кој беше ранет за време на атентатот. Заради понатамошна безбедност, Војаж еднаш признал дека поради моменталната ситуација бил принуден да се пресели со семејството во Франција. Како што открил, оттука потекнува прекарот „Војаж“, што на француски значи „патување“ или „пат“.

– Кога татко ми беше ранет, јас и моето семејство моравме да побегнеме во Франција. Како дете живеев низ работи кои можат да се видат само на филм и тоа е трауматично искуство за едно дете. Се вратив во Србија кога имав осум години. Поминав низ пеколен живот и ми требаше долго време да се вклопам со моите врсници, кои не можеа да сфатат низ што поминав. Не сакам да правам жртва од себе, но отсекогаш сум бил како чудак и црна овца во општеството… Една од причините за мојот успех е инаетот. Работев многу понапорно од другите, но затоа и успеав – изјави еднаш Војаж за тамошните медиуми.