ВАКА РУСИНИТЕ ГИ ПРАВАТ ПАЛАЧИНИТЕ КОИ СЕ МНОГУ ПОМЕКИ ОД НАШИТЕ, овој трик никогаш не ви паднал на памет?

Овој рецепт за палачинки има неколку трикови кои сигурно не сте ги знаеле.

Рецептот со кој жените во советска Русија правеле палачинки е многу едноставен, а домаќините и гостите се изненадени од неверојатниот вкус и бараат репете. Нашите домаќинки генерално не користат кефир и путер во нивните рецепти, а тоа е она што ја прави разликата овде.

  • 4 јајца;
  • 500 мл млеко;
  • 500 мл кефир;
  • 3 лажици шеќер;
  • половина лажичка сол;
  • 1 чаша брашно;
  • путер.

Подготовка: Измешајте ги сите состојки, претходно извадени од фрижидер и оставени на собна температура. Замесете тесто. Не треба да додавате сода бикарбона или квасец.

Тестото потоа се остава еден час во фрижидер, па палачинките да излезат повоздушести.

Загрејте тава, по можност од леано железо. Истурете го тестото и пржете ги палачинките од секоја страна до златно кафеава боја.

Секоја палачинка обилно намачкајте ја со стопен путер. Благодарение на оваа состојка, рабовите на палачинките нема да се исушат. Секако, палачинките со путер се покалорични, но имаат неверојатен кремаст вкус, пренесува рускиот портал Белновости.