Сите оние кои служеле војска во поранешна Југославија се уште се сеќаваат на војничкото гравче на ЈНА. Сега, благодарение на специјалната книга за готвење објавена на интернет, цивилите можат да уживаат и во оброците од воениот котел.
На веб-страницата JNA kuvar може да се најдат бројни рецепти за јадења достапни за војниците на Југословенската народна армија, вклучувајќи различни супи, чорби, јадења од риба и јадења со месо.
Рецепт и подготовка:
Гравот потопете го во ладна вода внимавајќи да има доволно вода за при набабрувањето да не ја впие целата количина на вода и да остане сув.
Натопениот грав чувајте го на ладно место и оставете го да кисне 1-3 часа. Потоа исцедете ја водата во која е потопен гравот, па ставете го во соодветен сад, истурете ладна вода да потоне во неа и варете 10-15 минути, потоа исцедете ја водата и истурете топла вода за повторно да потоне, додадете половина ситно сечкан црвен кромид и оставете да вари со повремено додавање на топла вода.
Во половина загреано масло додадете го остатокот од ситно сечканиот црвен кромид, како и морков, исечкан на помали коцки или рендан, и сè заедно пропржете додека малку не порумени. Кога гравот е половина сварен, додадете ги пропржените кромид и морков, потоа и суви пиперки, претходно натопени два часа во ладна вода, како и ловоров лист. Загрејте го преостанатото масло, додадете брашно и пржете малку да порумени. Кога брашното ќе порумени, исклучете го огнот и веднаш додајте ситно сечкан лук и пиперката во прав и сè убаво измешајте.
Кога гравот ќе омекне, додадете го додатокот, посолете и пропржете со приготвената запршка со постојано мешање на гравот за да не се згрутчи запршката. Гравот со запршка варете го уште 20 минути, па тргнете го од оган, додадете мелен бибер, ситно сечкан магдонос, пробајте ккаов е вкусот и по потреба досолете.
Гравот може да се служи како независно јадење или како прилог со стек, ќофтиња, динстано говедско месо и слично.
Напомена: Важно е да знаете дека при варењето гравот не смее да се меша сѐ до запршката, за да се избегнат скршени зрна и загорување.