Ваква не сте ја виделе! Цеца се појави во брутален стајлинг (фото)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ  на снимањето на новогодишната програма на РТС се појави во црвен фустан со шлиц кој се протегаше до половината, а блескаше целата ткаенина на облеката.

Фустанот беше прицврстен на нејзиното тело и ја истакна нејзината витка фигура како и згодните нозе, а кога се појави на сцената сите погледи беа вперени во неа.

Пејачката целиот стајлинг го заокружи со металик потпетици во иста боја, а косата ја врза во висока пунџа.