Тито на оваа светска лепотица ѝ подготвулал штрудли на Бриони: Сестрата на Јованка Броз ги откри деталите од средбата на претседателот со познатата актерка

Поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка Броз беа домаќини на бројни светски познати личности, кои ги пречекаа на Бриони. Меѓу нив беше и позната актерка која ја одбележа историјата на светската кинематографија. Деталите од таа приказна, која со децении ја заинтригира јавноста, ги откри сестрата на Јованка Броз, Нада Будисављевиќ. Таа позната актерка и денес е симбол за убавина, а нејзината позиција во историјата на седмата уметност остана непоколеблива. Зборуваме за познатата Софија Лорен!

Имаше претпоставки дека меѓу Софија Лорен и Јосип Броз Тито имало чувства кои ги надминуваат пријателските односи. Меѓутоа, сестрата на Јованка Броз, Нада Будисављевиќ, на нивната врска гледа поинаку. Еве што се случило пред неколку децении на Бриони.

Јованка Броз, Јосип Броз Тито

Актерката поминала 15 дена во ова одморалиште додека во резиденцијата престојувале и Јосип и Јованка Броз, а во вилата „Јадранка“ пристигнала со својот едноиполгодишен син и дадилката од Швајцарија. Таа редовно разговарала со својот сопруг, познатиот режисер Карло Понти и беше многу посветена на грижата за своето тело.

– Секој ден му се јавуваше на Карло Понти. Таа ја миеше косата со дестилирана вода и ставаше маслиново масло. И таа нејзина коса беше прекрасна. А кога ја фотографираа секогаш го вртеше профилот кој беше поубав. Ова се малите тајни на големите мајстори во кујната. Софија Лорен сакаше да готви – изјави Нада Будисављевиќ.

А кога ќе се спомне посетата на убавата Италијанка на Бриони, во таа приказна мора да има место за нејзината тестенина со домати како и за Титовите штруклки со јаболка што тој ги подготвил за својот гостин.

– Тој лично го подготви тестото. Потоа тој го биеше. Уживаше во тоа. Не знам дали знаеше точно колку се внесува во тоа или му помогна готвачот, но сето тоа го замеси и испече – додаде сестрата на Јованка.