Сузана ја врзале и ја принудиле да го открие пинот за картичката, па ја убиле: Од нејзината сметка потрошиле 15.000 евра

Убиецот кој тероризираше и задави пензионерка од Лондон пред да потроши 15.000 евра од нејзината заштеда е осуден на најмалку 31 година затвор.

Сузана Хоки (71) била врзана во нејзиниот дом и принудена да му открие пинот од банкарска картичка на Ксиаир Хауард (24). Нападот се случи во септември 2022 година.

Хауард потоа ја уби Сузана за да ја спречи да известува што се случило пред тој и неговата девојка Челзи Грант (28) да потрошат илјадници евра од нејзините пари на луксузни предмети во трговскиот центар.

Телото на Сузан беше пронајдено 20 дена подоцна под јорган во дневната соба на нејзиниот дом во Лондон.

Немала долна облека на себе, рацете и’ биле врзани зад грб, имала селотејп на очите, а лигатурата околу вратот и’ била толку затегната што и’ скршила една од коските на вратот.Xyaire Хауард

Во средата Хауард беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 31 година за убиство, обид за грабеж.

Грант е осуден на 15 години затвор за три грабежи и еден обид за грабеж.

Судијата рече дека парот бил мотивиран од алчност.

Тој рече дека Хауард ја тероризирал Сузана и ја подложил на „понижување и деградација“ за да добие пристап до нејзините пари.

Во текот на три недели, парот направил 146 трансакции, потрошени околу 15.000 евра.

Парите ги потрошиле на парфеми, нов телевизор, телефони, облека, обувки, очила, часовници и чанти.

Нејзината сметка конечно била блокирана на 28 септември минатата година на барање на полицијата, а осомничените биле уапсени на автобуската станица.