ДРАМАТИЧЕН ИНЦИДЕНТ: Тинејџер (16) се фрлил од седми кат поради лоши оценки? Соседите откриваат детали за околностите на семејството

Во вторникот за малку ќе се случеше голема трагедија во Словачка, откако ученик (16) скокнал од 7-ми кат од зградата во која живеел со родителите и помалата сестра.

Инцидентот се случил во градот Михаловце на истокот од државата.

Средношколец во прва година сакал да се самоубие скокајќи од седмиот кат од зградата, но за среќа преживеал.

Се шпекулира дека тинејџерот се обидел да се самоубие поради лошите оценки што ги добил тој ден.

Соседите велат дека е добро момче и не можат да разберат зошто се обидел да се самоубие.

– Момчето секогаш нè отпоздравуваше и беше пријатно. Не знам како може да се случи ова. Слушнав крик, ја отворив вратата и ја видов нивната ќерка која беше во шок. Ја донесов кај мене и се обидов да ја смирам. Плачеше – изјавила сосетката.

Екипите на итната помош брзо пристигнале на местото на настанот.

– Испративме екипа поради пациент кој се повреди по пад од височина. Поради чувствителноста на случајот не можеме да дадеме повеќе информации – изјави портпаролката на спасувачите Петра Климешова.

Според медиумите, тинејџерот е во болница во Михаловац и е во стабилна состојба.

Полицијата соопшти дека го истражува случајот.

-На лице место затекнавме малолетник со повреди по пад од терасата од станот. Во случајот е исклучена вмешаност на уште едно лице – додаваат од полицијата.

Семејството на тинејџерот допрва треба да даде изјава за случајот.