,,Јас немам гардероба” Соња Кужет проговори за крајот на ,,Ѕвездите на Гранд” (фото)

Водителката на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет важи за една од најубавите жени на Балканот, а како што истакнува, после толку години во медиумите, сè уште и’ годи кога ќе ја пофалат за нејзиниот изглед.

– Мислам дека направив добри чекори во начинот на презентација. Сигурно сум привлекла внимание, но cè фокусирав и напоррно работев на мојт изглед,. Мило ми е што после 20 години кариера и сега на 40 години некој ми вели дека сум убава. Ми годи тоа.

Сања истакнува дека најубаво се чувствува во елегантни долги фустани кога е на сцената, но и дека како и сите останати припаднички на понежниот пол го има проблемот што секогаш и’ недостига гардероба.

-Се враќаат сите тие фустани кои ги носам на сисиите, морам да ги разочарам луѓето, не ми се вклопуваат во гардеробата. Кога имам свадба се мачам како и сите други жени и девојки бидејќи повторно ми треба нов фустан за таа прилика.

Работата е едно, а приватниот живот е нешто сосема друго.

Кужет истакна и дека натпреварувањето во кој таа е водителка полека завршува и дека е многу возбудена поради тоа.

– Го привршуваме натпреварувањето, остануваат полуфиналето и финалето, завршуваме на 24 јуни. Задоволство е да се работи во секоја смисла на зборот. Знам дека натпреварувачите се грижат многу, исто како и жирито кое напорно работеше за да ги има финалистите. Оние кои заслужуваат ќе бидат во финалето.

На прашањето кого би избрала меѓу Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ, таа веднаш одговори: „Ана Ивановиќ.

– И Јелена е одлична, јас не правам ривали иако се ривали. На Ана Ивановиќ и’ посакувам многу среќа со нејзиниот голем семејство, ги сакам и почитувам семејните вредности коу ги негува и тоа го прави на вистински начин со нејзиниот сопруг Бастијан.