Познатиот ас спиел со жената на соииграчот: Само скокнеше врз мене, повеќе имав односи со него отколку со сопругот! (фото)

Ѕвездата на репрезентацијата на Гана, Џордан Ају имал повеќегодишна врска со тогашната сопруга на неговиот репрезентативен колега, Африје Аква.

Сега веќе поранешната сопруга на соиграчот на Јордан, Аманда Аква, тврди дека четири години спиела со славниот фудбалер од Гана.

,,Со Џордан имав се*с четири години постојано. Само скокаше над мене. Спиев повеќе со него отколку со сопругот. Ми испраќаше и голи фотографии”, открила тогаш Аманда.

Аманда признала дека имала афера со Џордан дури откако се развела од сопругот Африје Аква, кому му било исклучително тешко бидејќи долго време работел со Џордан во репрезентацијата на Гана.

Аква одигра 39 настапи за Гана и постигна еден гол. Зад себе имаше и убава интернационална кариера – играше за Палермо, Парма, Сампдорија, Торино, Емполи…

Од друга страна, Џордан Ају е многу попознато име во светот на фудбалот. За репрезентацијата на Гана одигра 92 натпревари и постигна 20 гола.

Играше за Марсеј, Сошо, Лориен, Астон Вила, Свонси, а моментално е член на Кристал Палас.