Што е ова над градот? Се појави уште пред земјотресот во Турција кој однесе 20.000 животи (ФОТО/ВИДЕО)

Неверојатна снимка која стана вирална на социјалните мрежи покажува чуден облак кој се појави во Јужна Африка.

Над небото на Кејп Таун, Јужна Африка е направена слика од ,,црвеникав” облак.

Овие облаци се нарекуваат и ангелски облаци или облаци со летечка чинија бидејќи нивниот облик многумина потсетува на вселенски бродови и слични сцени од филмови за вонземјани.

Овие облаци можат да останат на истото место без разлика колку силен ветер дува.

Пилотите ги избегнуваат, но туристите кои се авантуристи ги сакаат, имајќи предвид дека овие облачни формации можат да ги подигнат до големи височини.

Појавата на овие облаци вознемирува многумина бидејќи тие беа снимени над Турција на 20 јануари пред разорниот земјотрес што се случи на 6 февруари и однесе повеќе од 20.000 животи.