ВИДЕО | “ШТО Е ОВА – САТАНА !? Светот шокиран од морничавата снимка од ‘духот на смртта’ за време на крунисувањето на кралот Чарлс III

На списокот на гости за крунисувањето на кралот Чарлс III, настан што се одржа во саботата, се најдоа бројни познати личности, претседатели на држави и влади и членови на кралското семејство. 

Меѓутоа, во видео-снимка која почна да кружи на социјалните мрежи се појави прилично сомнителен лик кој во никој случај не се очекувал да се види во Вестминстерската опатија на историскиот настан.

Кралските обожаватели беа вчудоневидени кога видоа некој што личи на вистинска сатана: маж облечен во долга црна наметка и качулка, кој носи долг стап кој изгледаше исто како „човекот кој ја најавува смртта“ (сатана).

На социјалната мрежа Твитер беше споделено видео од чуварите на кралот како влегуваат во опатијата, а фигурата на сатаната оди зад нив додека одеа пред влезот на Вестминстерската опатија.

The Sun пишува дека најверојатно станува збор за припадник на свештенството облечен во свечена облека.