ФОТО | Шакира и Том Круз забележани заедно на трка во Формула 1 – социјалните мрежи веднаш експлодираа: “Дали ова е новиот пар !?“

По многу лошиот крај на љубовната приказна и 11-годишниот брак помеѓу пејачката Шакира (46 г.) и фудбалерот Жерар Пике (36 г.), откако се дозна дека тој е во љубовна врска со 23-годишната Клара Чиа Марти, латино-дивата со синовите Милан и Саша од Барселона се пресели во Мајами, САД.

Иако допрва треба да го реши наводниот долг од 14,5 милиони евра, кој го наплатуваат шпанските даночни власти, музичката ѕвезда изгледа ужива во животот. Таа не избра да се „пензионира“ во својата луксузна вила, да живее сама и да ги одгледува синовите, за кои нејзиниот поранешен сопружник ѝ го даде целосно старателството – напротив, пејачката со колумбиски корени реши да води многу активен социјален живот.

Том Круз и Шакира

Нејзиното појавување на трката во Формула 1 и интензивното дружење со Том Круз (60 г.) на патеката, а потоа и во ВИП ложата, започна нов бран гласини на социјалните мрежи кои експлодираа. Идејата огнената латино-дива и филмската мегаѕвезда да бидат пар ги привлече нејзините обожаватели кои мислат дека ова би бил одличен партнер за закрепнување, дури и ако приказната не е вистина. А на Том Круз, велат тие, му треба некоја жестока девојка како Шакира. Како што е познато, Том Круз моментално е слободен, неговата последна, многу кратка врска беше со колешката Хејли Атвел, а заврши пред една година.

Шакира ја доби наградата за жена на годината од магазинот Billboard во саботата, ден пред да го запознае Том Круз, како прва добитничка на таа награда во историјата.

Видно емотивна, зборуваше и за љубовта и врските: „Не е важно дали некој е верен или не. Важно е секогаш да си верна на себе“, рекла таа и додала дека музиката ја одржувала во најтешките моменти.

Шакира не се воздржува во изјавите, исто како и нејзиниот поранешен сопруг кој ја користи секоја прилика да ја плука по медиумите.