Додадете ја оваа билка додека се вари гравот и нема да имате гасови и надуеност: Малкумина знаат дека помага а сите ја имаме дома

Без разлика на видот, гравот има многу малку маснотии и калории. Покрај тоа, тој е одличен извор на протеини, витамини од групата Б, фолна киселина и влакна за намалување на холестеролот. Секој може да го консумира бидејќи не содржи глутен.

Доколку сте на диета, слободно опуштете се со јадење направено од грав бидејќи има многу малку калории и масти а во исто време го снабдувате организмот со магнезиум и железо. Нема да ви недостига енергија после јадење грав, а на телото ќе му обезбеди вистинска антиоксидантна заштита.

Многу луѓе го избегнуваат гравот, знаејќи дека тој предизвикува надуеност и ќ можна непријатност поради формирање на гасови во телото, но и за ова има неколку трикови.

На многумина им е добро познато дека гравот помалку ќе набабри ако се остави во вода барем неколку часа пред да се готви. Според еден трик добро е гравот да го натопите еден ден претходно и да го оставите во вода преку ноќ.

Освен потопување во вода, за да не ,,отече” гравот, при готвењето во водата ставете ловорови листови, ким, мајоран, мајчина душица или ѓумбир, чии својства го спречуваат последователното формирање на гасови во телото.

Факт е и дека малку сварениот грав предизвикува повеќе гасови. Доколку сакате да го спречите тоа, задолжително измијте го гравот (дури и оној од конзервата) и варете го на тивок оган подолго, а не на силен. Со миење и натопување, гравот ги губи шеќерите, кои меѓу другото влијаат за формирање надуеност на желудникот.

Имено, кога тој шеќер ќе стигне до дебелото црево, бактеријата одговорна за неговата конструкција произведува непријатен мирис на гас кој ќе мора да го напушти телото.

Искусните готвачи советуваат дека, гравот е добро сварен само откако ќе се вари три пати односно со три води, наведува haoss.org.