„ВАКВИTE НАПОРИ ЌЕ ПРОДОЛЖAT“ Захарова ги откри деталите за ослободувањето на руски државјанин по преговорите со Хамас

Заложникот со руски пасош е ослободен врз основа на директен договор со Хамас, а не како дел од договорот за размена на затвореници , изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

 Напорите на руските дипломати во контактите со Хамас, во врска со ослободувањето на заложниците, даваат резултати. Денеска е пуштено лице со руски пасош и предадено на Црвениот крст. Руски дипломати ќе го посетат што е можно поскоро –  изјави Захарова на Телеграм.

Според неа, ослободувањето се должи на „директен договор меѓу руските претставници и Хамас“.

– Таквите напори ќе продолжат – рече Захарова. Тахер ал-Нуну , портпарол на високиот функционер на Хамас, Исмаил Ханије, претходно за ТАСС изјави дека Хамас го ослободил рускиот државјанин и го предал на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

На третиот ден од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, палестинската милитантна група денеска ослободи 17 заложници, додека Израел ослободи 39 палестински затвореници.