ВОЈНАТА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ: Портпаролот на ИДФ откри што е сега морална обврска на секој израелски војник

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека жената Елма Аврахам (84) е пренесена во болница во градот Бер Шева во тешка здравствена состојба.

– Елма, која во тешка состојба се врати од заробеништво, веднаш со хеликоптер е префрлена во болница. Таа беше евакуирана од војниците на ИД додека сè уште беше во Газа –  рече Хагари, според Тајмс оф Израел.

Тој рече дека поради „медицински причини“ и безбедноста на ослободените заложници, 13 лица биле изведени од Газа под придружба на специјалните сили во близина на општина Бери, во соработка со египетските безбедносни власти.

Хагари рече и дека војната нема да запре додека не бидат ослободени сите заложници.

– Ова е морална обврска на секој израелски војник и воен естаблишмент –  рече Хагари.