Вакцината против канцер е во завршна фаза! Учесник на истежувањето вели: „Ми рекоа дека умирам, а од тогаш поминаа 20 години“

Д-р Томас Вагнер, основач на биотехнолошката компанија „Orbis Health Solutions“ и истражувач на ракот, својата животна мисија ја постави да најде начин за лекување на оваа болест што нема да има тешки несакани ефекти за пациентот.

– Многу традиционални третмани за рак, како што е хемотерапијата, делуваат на тој начин што ги убиваат клетките на ракот, но ги убиваат и неканцерогените клетки низ телото. Ова може да предизвика низа несакани ефекти, вклучувајќи губење на косата, гадење, повраќање или може да го ослабне имунолошкиот систем на една личност, ставајќи ги во ризик од инфекции опасни по живот, објасни Вагнер.

Откако беше сведок на пациентите со рак кои страдаат од исцрпувачки несакани ефекти од третманот, Вагнер ја започна својата мисија да развие лек за болеста што ја искористи моќта на имунолошкиот систем на една личност наместо да го елиминира.

Овој третман е развиен како вакцина која сега се проучува со децении, а инјекцијата е целосно персонализирана за секој пациент.

– Луѓето ме прашуваа кога ќе има лек за ракот и ова го работам 60 години и никогаш не сум можел да одговорам на тоа прашање. До неодамна, до последните три, четири или пет години – рече Вагнер.

Што е досега познато за вакцината против рак на Вагнер?

Вагнеровата вакцина против рак TLPO е тестирана на стотици пациенти со напредни форми на меланом во втората фаза на клиничките испитувања.

Најновите податоци презентирани на академска конференција покажаа дека речиси 95 отсто од луѓето кои ја примиле само вакцината сè уште се живи три години по започнувањето на лекувањето, пренесува ABC News.

Најчестите несакани ефекти беа црвенило или болка на местото на инјектирање, треска и замор по инјектирањето, слично на другите вакцини кои стимулираат имунолошки одговор.

Д-р Вернон Сондак, кожен онколог во Центарот за рак Мофит, кој не бил вклучен во клиничкото испитување, но работел со вакцини за туморски лизати во текот на неговата кариера, изјави за ABC News дека овие резултати се ветувачки, но дека останува да се направи повеќе во третатс фаза на клиничко испитување за да се потврди дали оваа вакцина против рак навистина ќе направи разлика.

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) даде зелено светло за вакцината на Вагнер да започне клиничко испитување во третата фаза. Тоа ќе биде тригодишен напор со цел да се запишат 500 луѓе и треба да започне оваа година, рече Рајли Полк, претседател на Orbis Health Solutions.

Полк рече дека лично бил под влијание на успехот на вакцината, откако неговиот татко претрпел повеќе операции на белите дробови поради рак пред повеќе од една деценија. Неговиот татко одлучил да ја проба вакцината против рак на Вагнер и живеел уште 10 години пред да умре од нешто што не е поврзано со болеста.

„Можете да ми кажете многу работи, но не можете да ми кажете дека вакцината не делува“, рече Полк.

Финансиските бариери го спречија напредокот на вакцината

Полк рече дека се планира клиничко испитување во третата фаза од 100 милиони долари. За помалите, приватни компании, обезбедувањето на тоа ниво на финансирање е предизвик за кој Полк рече дека ја ограничува нивната способност да финансираат повеќе клинички испитувања.

Искуства на претходните испитаници

Луѓето во ова испитување мора да имаат мало или минимално оптоварување на туморот. Првата личност што ја прими оваа вакцина во ова испитување беше Кејти Кинг од Ешвил, Северна Каролина, на која пред шест години и’ беше дијагностициран рак на јајниците. Кинг рече дека се чувствува одлично по првиот круг третмани, само доживеала црвенило на местото на инјектирање, но нема други несакани ефекти, пренесува VLOS.

Една од тестираните е Мери Керол Аберкромби, за која Вагнер верува дека е една од најдолго преживеаните претходно дијагностицирани со меланом во стадиум 4, најнапредната форма на болеста.

Непосредно пред Божиќ 2001 година, Аберкромби изјавила за VLOS дека завршила една година третман на рак со „страшни“ несакани ефекти, но кога третманот престанал, нејзиниот рак напредувал. Аберкромби рече дека лекарите и’ рекле дека има само уште неколку месеци живот и ја советувале „само да ужива во Божиќ“, пренесува WLOS.

Хируршкиот онколог на Аберкромби работеше со Вагнер на вакцина против рак во тоа време.

– Пријавете ме, бидејќи таму немаше ништо друго“, рекла Аберкромби, која само се надевала дека ќе живее доволно долго за да го види синот како се жени.

Оттогаш поминаа повеќе од 20 години, а Аберкромби рече дека нејзиниот меланом никогаш не се повторил. Не само што го видела нејзиниот син како се ожени, туку и ги гледала нејзините четири внуци како растат.