Вакцините против рак и срцеви заболувања пристигнуваат до крајот на 2030 година: Напредок благодарение на пандемијата

Милиони животи би можеле да бидат спасени со револуционерен сет на нови вакцини за низа состојби, вклучувајќи рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести. Овие вакцини треба да бидат готови до 2030 година.

Некои истражувачи велат дека благодарение на успехот на вакцината против коронавирус, постигнат е 15 години напредок во рок од 12 до 18 месеци.

Новите вакцини, чие истражување е многу ветувачко, исто така се направени на база на mRNA и ќе работат така што ќе ги „учат“ клетките како да направат протеин што го активира имунолошкиот одговор на телото на болести.

Вакцина за рак базирана на mRNA ќе го предупреди имунолошкиот систем за ракот што веќе расте во телото на пациентот, за да може да го нападне и уништи, без да ги уништи здравите клетки. Тој би бил персонализиран на таков начин што докторот прво би направил биопсија на туморот и по лабораториски тест, оние антигени кои се конкретно потребни би биле спакувани во вакцината.

Д-р Пол Бартон, главен медицински директор на фармацевтската компанија Модерна, рече дека верува оти компанијата ќе може да ги понуди овие вакцини за „сите видови болести“ за само пет години. Тие создадоа вакцина која цели на различни видови тумори.

„Ќе ја имаме таа вакцина и ќе биде многу ефикасна и ќе спаси стотици илјади, ако не и милиони животи. Мислам дека ќе можеме да им понудиме на луѓето ширум светот персонализирани вакцини против многу различни видови тумори“, рече Бартон.