ВАНДА ПОВЕЌЕ НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ! Го напушти Икарди, го промени имиџот, а фудбалерот сега ја МОЛИ да се врати (ФОТО)
Ванда Нара целосно го промени имиџот и не личи на себе.
Аргентинската убавица Ванда Нара го оставила фудбалерот Мауро Икарди поради прељуба , а потоа решила да направи голема промена. Навикнати сме да ја претставуваме како „фатална русокоса“, сепак, таа ги изненади сите со својот нов имиџ, како да решила да сврти нов лист во животот… Ванда Нара сега е црномуреста и има шишки . што предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, главно позитивни.
Многумина ја споредија со познатата аргентинска актерка Морија Касан, што е комплимент кој и се допадна на Ванда, па можеби таа беше инспирација за сега веќе поранешниот фудбалски агент.
Во меѓувреме, се шпекулира дека Ванда и Мауро Икарди се уште се во врска , иако сите медиуми објавија дека тие официјално се развеле. Двајцата се разделија откако во јавноста протекоа информации дека фудбалерот е неверен, а потоа се помириле, па се расправале и така…
Приватните проблеми се одразија и на формата на аргентинскиот напаѓач, кој отпадна од тимот на Пари Сен Жермен и не беше ни блиску до Светското првенство во Катар, па во меѓувреме замина на позајмица во Галатасарај. Изгледа дека му се допадна промената и добро се снајде во Истанбул каде постигна девет гола и запиша уште шест асистенции на само 13 натпревари оваа сезона. Да дојдеше порано, ќе беше уште подобро.
Мојата сопруга, мојата единствена љубов, кралицата, мајката на моите деца… Те сакам и ќе те сакам до крајот на мојот живот, кралице моја“, напиша неодамна Икарди и така ја започна приказната дека се заедно . или едноставно е очаен и ја повикува назад.