Варено вино со коњак! Совршено за релаксација

Во комбинација со богатите ароми и вкусови на црвено вино, цимет, кора од портокал, каранфилче и коњак, овој пијалок дава неодолива топлина и задоволство.

Состојки:

литар црвено вино
четири стапчиња цимет
кора од портокал
четири лажици шеќер
пет каранфилче,
третина од чаша коњак

Подготовка:

Во сад измешајте вино, цимет, кора од портокал, шеќер и каранфилче. Виното се готви само кога шеќерот целосно ќе се раствори и од него ќе излезе пареа. Процедете го и додадете две лажички коњак во шолја, а потоа истурете го варено вино.

На здравје!