Паметните часовници одамна веќе не се уреди кои првенствено служат да покажат колку е часот, или во одредени ситуации да одговорите на повик или на порака на нив. Денес тие пред сé претставуваат наши лични асистенти за следење на одредени сегменти за нашата благосостојба, а со тоа поттикувајќи здрав и активен начин на живот. Samsung како еден од најдобрите производители на паметни уреди за носење, неодамна ги лансираше своите најнови паметни часовици со серијата Galaxy Watch7 кои отвораат нови хоризонти за грижа за вашето здравје, каде ќе можете паралелно со своите физички активности во облик на фитнес, стандардни, рекреативни или интензивни тренинзи, да имате детален увид во вашето психо-физичко здравје, кој ќе ви го овозможат функциите со вештачка интелигенција кај овие часовници. Galaxy AI* повторно во центарот на вниманието и кај овие уреди.
Чување за здравјето претставува поветеност да го правите она што е добро за вашето тело. Со новиот Galaxy Watch7 нема само да ги следите вашите здравствени податоци, туку овој уред, благодарение на Galaxy AI*, ќе ја претвори вашата статистика во функционален увид за да можете да ја пронајдете рамнотежата во вашите секојдневни навики – од доволно спиење до уживање во оброкот кој ве мами и трошење на потребните калории. Серијата Galaxy Watch7 ќе ви овозможи детално следење на повеќе од 100 разновидни тренинзи и создавање рутини со комбинирање на различни вежби, со чија помош ќе ги постигнете таргет целите кои самите си ги задавате во уредот. Исто така поседува функции со кои ќе можете да ги споредувате тековните и минатите изведби на вежбите во реално време за полесно да го следите својот напредок и да останете мотивирани, како и. функција за детална „снимка“ на телото и физичката кондиција за сеопфатно разбирање на телото.
Секое утро на вашиот рачен зглоб Galaxy Watch7 ќе ви дава извештај за тоа како сте спиеле изминатата ноќ, колку часови ефективно и во кои фази, колку пати сте се буделе и колку траело квалитетното спиење. Но, тука е и детекторот за проблеми при спиењето, па доколку сте склони кон такви ситуации или ноќна апнеа, сега можете без грижи да заспивате. Срцевите отчукувања додека спиете или вежбате ќе ви ги прикаже вградениот PPG сензор за следење на пулсот и срцевиот ритам.
Во одредени ситуации на зголемен стрес, Galaxy Watch7 го забележува тоа и дава совети со вежби за намалување на стресот. Исто така, повеќе нема да заборавате да ги испиете витамините или потребните апчиња, бидејќи часовникот редовно ќе ве известува.
Паметните часовници од серијата Galaxy Watch7 се создадени според последните достигнувања и иновации во индустријата, со цел да го следат вашето здравје и да го поттикнат најдоброто во вас. И секако, тие беспрекорно се поврзуваат со останатите уреди од Galaxy екосистемот, па така сите мерење за вашето здравје можете да ги имате на вашиот нов Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6 или пак друг Galaxy мобилен телефон, а вашите тренинзи или активности со вежбање можат совршено да се уклопат со аудио перформансите овозможени од извонредните Samsung слушачки од серијата Galaxy Buds3 Pro за уште подобро и помотивирачко искуство.