Вања била грабната во влез, врзана и ставена во вреќа заспиење

Министерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција го објасни начинот на грабнување на малолетното девојче. Како што кажа тој, Вања била насилно ставена во гепекот на возилото цитроен, откако претходно, со врзани раце и нозе, била ставена во вреќа за спиење.

„Според признанието и исказите, утврдено е дека двете од лицата коишто биле со возилото цитроен, а по претходно добиена информација, што ја имале вечерта пред извршување на грабнувањето, дека девојчето во колку часот ќе биде само, во влезот од зградата, го земаат и е ставено со врзани раце и нозе и во една вреќа за спиење и го изнесуваат и го ставаат во гепек од возилото“, рече Спасовски.