Дали водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна ?

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 9. јануари до 12. јануари годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 155 примероци за физичко-хемиска и 155 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Град Скопје.