Вдомено куче за прв пат во животот видело снег. Погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

Викторија Донели на TikTok сподели видео од нејзиното вдомено куче како првпат во животот гледа и си игра на снегот.

Семејството Донели го вдомило кучето дури од Крит, каде што живеел како скитник. Го пронашле родителите на Викторија кои живеат таму. Бидејќи веќе имале две кучиња, решиле да направат се што е во нивна моќ за ова кученце и официјално да стане куче на нивната ќерка.

Успеале во тоа, па преслаткото куче од улиците на Крит го замениле со прекрасната Шкотска, каде конечно може безгрижно да ужива во животот, како што може да се види на видеото како си игра на снег.