Веднаш избришете ги овие апликации, тие ви ги крадат банкарските податоци – преземени се 200.000 пати

Објавен е извештај за пет малициозни апликации, кои се доста популарни во европските земји.

Овие апликации беа преземени стотици илјади пати и го содржеа банкарскиот тројанец „Анаца“.

Ги открила компанијата ThreatFabric, која за Bleeping Computer изјавила за кои апликации станува збор, пренесува Телеграфи.

Најтаргетирани корисници се во Велика Британија, Чешка, Германија, Словачка, Словенија и Шпанија.

Најпрво на мета беа само корисниците на Samsung, но подоцна и други.

Ова се апликациите:

Чистач на телефони – Истражувач на датотеки

Прегледувач на PDF – Истражувач на датотеки

PDF Читач – Прегледувач и уредник

Чистач на телефонот: File Explorer

PDF Читач: Управувач со датотеки

Лажните апликации беа маскирани како читање PDF-датотеки или чистење на телефонот и беа дизајнирани да стигнат до топ листите на нов бесплатен софтвер, што ќе ги зголеми нивните шанси да допрат до повеќе корисници.

Се верува дека тие биле преземени помеѓу 150.000 и 200.000 пати пред да бидат отстранети од Play Store и користеле процес од повеќе чекори за „заразување“ на уредите без интеракција со корисникот. Ако ги имате, избришете ги од телефонот.