Вековниот чинар во Скопје му пркоси на времето

– Вековниот чинар во дворот на османлиската Иса-бегова џамија во Скопје со својата раскошна крошна продолжува да ги штити оние кои ја посетуваат џамијата од топлото време во летните месеци.

Називот на 550-годишниот чинар во ботаничката наука е „Platanus orientalis“.

Се претпоставува дека чинарот го засадил Иса-бег, градител на џамијата Иса-бег, внук на командантот кој го ослободил Скопје, Паша Јигит-бег, во истиот период кога била изградена џамијата.

Дрвото, кое е заштитено како споменик на природата од 1993 година, е високо 20 метри и има дијаметар на стеблото од 7,3 метри.

Чинарот кај Иса-беговата џамија е втор најстар чинар во Северна Македонија, по оној на чаршијата во Охрид, а е меѓу 3-те најстари чинари во Југоисточна Европа.

Истражувачот Ертугрул Каракуш раскажува дека кога починала мајката на поетот од Скопје, Јахја Кемал Бејатли, тој плачел под ова дрво велејќи дека „световите се уништени“.

Пред овој чинар се наоѓа гробот на мајката на Јахја Кемал Бејтали, Накије.

Една од експертите за османлиското културно наследство во Северна Македонија, Лидија Кумбараџи Богоевиќ, која почина минатата година, во врска со чинарот има кажано: „Во дворот на џамијата има многу стар чинар со извонредна круна што се верува дека е засаден во времето на изградбата на џамијата.“

Забележано е дека природната дистрибуција на чинарите е на Балканот, во Анадолија, Иран, Далечниот Исток и Евроазија.Познато е дека садењето чинар во населените места го намалува влијанието на климатските промени.

Познато е дека садењето чинари во населените места го намалува влијанието на климатските промени.