Ученици со часови висеа над провалија, еден се онесвести од страв: „Бев убеден дека ова е мојот последен ден“ (фото)

Речиси 16 часа траеше агонијата на заробените во жичара на северот на Пакистан. Сите осум лица, меѓу кои и шест деца, беа спасени. Сите затрупани во жичарницата беа извлечени на безбедно во вторникот вечерта. Првите двајца се спасени со помош на хеликоптер, додека другите шест се извлечени на безбедно со помош на зиплајн. Кога последниот беше спуштен на земја, солзи на среќа течеа од толпата.

Жичницата се расипала во вторникот наутро по локално време, кога учениците и наставниците биле на пат кон училиште.

На половина пат, на височина од 274 метри, пукнале три од четирите жици што ја држеле гондолата и оттогаш таа висела само на една жица и опасно се нишала на силниот ветер што дувал низ долината.

Во моментот на дефектот, на отворената железна гондола имало шест деца на возраст од 10 до 16 години и двајца учители од локалното училиште. Така одеале на училиште секој ден..

По спасувањето раскажале како кај нив владеела паника во моментот кога се скинале жиците. Еден од учениците, кој има здравствени проблеми со срцето, се онесвестил од страв.

Шокантното искуство на новинарите им го опиша едно од спасените момчиња: „Кога со жичарата стигнавме на сред долина, таа наеднаш се расипа, жиците пукнаа и гондолата се заниша. Цело време бевме исплашени и се тресевме од страв. Само кога влета војската со хеликоптер, ни дадоа малку надеж дека ќе нè спасат и дека можеби ќе преживееме“.

15-годишникот рекол дека на почетокот бил убеден дека тоа му е последен ден. „Господ ми даде уште еден живот“, изјави тој за медиумите, истовремено заблагодарувајќи им се на храбрите спасувачи за новата можност.

,,Знаев за чуда, но овојпат видов едно од нив со свои очи“, изјави шокираното момче кое кобниот ден со жичницата одеше до училиштето каде што требаше да ги дознае резултатите од финалниот испит.

Како што јави Ројтерс, тројцата спасени ученички на сигурно, во прегратките на нивните родители, дознале дека успешно завршиле деветто одделение и се запишале во десетто, што било уште една причина за среќа.

Мештаните, кои беа на терен по спасувачката акција, велат дека најлошото е чувството на беспомошност.

,,Тие беа таму, пред нас, но не можевме да им помогнеме. Ги погледнавме, видовме дека бараат помош, но не можевме да им дадеме“.

Неколку деца биле во контакт со своите роднини преку мобилни телефони, кои ги тешеле и охрабрувале, но набрзо им се потрошиле батериите и се изгубил контактот.

Пакистанскиот претседател повика на истрага за соодветноста на сите жичарници во земјата, а полицијата во средата го уапси Ѓул Зарин, кој ја изгради и е сопственик на жичарата. Тој беше обвинет дека не ги почитувал безбедносните протоколи, пренесува 24.hr.