Граѓаните на Велес, посебно оние од левата страна на градот кои секојдневно поминуваат преку Мало мовче на Вардар, се жалат дека ноќе поради недостиг на светлина е небезбедно за поминување.
Од Општина Велес за МИА појаснуваат дека по многуте кражби на опремата за осветлување во 2020 и 2021 година, сѐ уште бараат ново решение за негово осветлување а дотогаш има поставено два рефлектора кои даваат минимално осветлување.
-Во текот на 2020 и 2021 година во повеќе наврати се вршеше оштетување на комуналната опрема за улично осветлување ( светилки , кражби на кабел , обивање на Разводен ормар) на Мало мовче од страна на несовесни граѓани. Општината немала да издвои сума на пари за санирање на тие штети. По повеќекратното повторување на инцидентите во моментот се бара најоптмално решение за повторно осветлување на Мало мовче во склоп на предстојната најавена реконструкција на уличното осветлување на територија на цела Општина Велес, информираат од Општина Велес
Воедно појаснуваат дека на двата краја на Мало мовче има поставено два рефлектора коишто обезбедуваат негово минимално осветлување .