Велешките градинки први во земјава ќе го селектираат и компостираат отпадот од храна

Еколошкото друштво „Вила Зора“ со финансиски средства од УНДП и ЕУ доби проект насловен „Селектирај рециклирај“, со кој отпадоците од храната на дечињата од Јавната Детска установа Детска градинка „Димче Мирчев“ односно шесте велешки градинки од денеска ќе се селектираат и рециклираат.

Во процесот ќе бидат вклучени и децата, а собраниот компост-ѓубриво за почвата, собран во специјални садови, ќе се употребува за засадување цветни насади и дрвца, како и во зеленчуковата градина. Со тоа децата од најрана возраст ќе се едуцираат и ќе имаат можност во пракса да го реализираат наученото како по пример на европските градинки.

– Со тоа тие од денеска се први кои реализираат ваков проект во градинките во земјава и се очекува нивниот одличен пример да го спроведат и останатите градинки во градовите во земјава, потенцира Сашка Коцевска од ЕД „Вила Зора“ на денешната практична презентација на проектот.

Таа информира дека секој ден овој најнов компостер во секоја градинка  ќе работи максимум пет часа и по градинка ќе собира од 500 до 800 грама ѓубриво за почва.

– Овој е единствен проект кој се спроведува во земјава и е уникатен затоа што електричните компостери се најнова технологија кои првпат се носат кај нас.Овој проект е оригинален и затоа што корисниците на компостерите се дечињата од градинките.Сонот на ЕД „Вила Зора“ за остварување на нула органски отпад започнува да се остварува.Се надевам дека оваа ќе биде успешна приказна за сите иновативци што сакаат да го применат ваквиот начин на работа.Воедно и со тоа ваквите компостери ќе имаат широка примена во градинките,а потоа и во институции кадешто се произведува храна, појасни Коцевска.

Потенцира дека нивна заложба е овој проект понатаму да прерасне во национален проект.

Армен Грегоријан од УНДП истакна дека љубовта е една од најактивните регионални програми на што работи УНДП, бидејќи меѓу другото е посветен на работа со младите и со децата.

– Мислам дека големата слика за сите нас е да го ставиме овој свет како подобро место за идните генерации.За да може овие деца кога ќе пораснат да не сакаат да го напуштат Велес и да не сакаат да ја напуштат оваа држава, туку да уживаат во својот живот и да имаат добри можности  за живот тука, потенцира Грегоријан.

Тој воедно информира дека УНДП покрај овој работи и на други различни програми низ целата земја кои се посветени на работа со младите и децата. Во Скопје на пример ја спроведуваат програмата за еколошка заштита на воздухот кадешто практично се спроведуваат мерки и за атмосферскиот воздух,како и за воздухот во затворените простории.

Наведе дека УНДП ја креира и новата национална стратегија за млади и други.

Маја Велиновска, директор на ЈУ Детски градинки „Димче Мирчев“ истакна дека и е чест што и денеска повторно се лидери во тоа  што го прават.

– Да потсетам дека нашата Детска градинка„Димче Мирчев“ во  склоп на програмите за предучилишнон образование и воспитание на децата во целост ги опфаќа програмите за еколошка едукација на децата за развивање на еколошката светс кај најмалите.Во тој контекст напорно работиме на сите проблематики и теми опфатени од заштитата на животната средина како собирање,селектирање,рециклирање на отпадот,израбтка на креативни материјали од сето она што останува се’ со цел децата да научат дека и од старото можеме да создадеме ново, истакна Велиновска.

Таа потсети дека како награда за тоа што го работат децата заедно со воспитувачите и негувателите во градинката носители се на едно високо највисокото признание за екологија, влезени се во европска мрежа на градинки и се носители на Зелено знаме за еко градинка.

Додаде дека од денеска ќе опфатат уште еден сегмент во заштитата на животната средина што и досега го работеле, но не можеле и практично да го вуидат во градинка, а од денеска и практично ќе го научат. Таа потенцира дека компостерите ќе им овозможат на децата да научат како остатоците од храна да ги собираат ,да  ги преработат-компостираат и на крај  како  да се вратат повторно во природата. 

– Со тоа стекнатите знаеања децата понатаму ќе ги понесат во својот живот и ќе изградат култ кон храната како да се однесуваат кон храната.Посебно што денеска храната е ,која е многу скапа и е  тешко во овие услови на живеење да се дојде до здрава храна,потенцира директорката Велиновска.

Присутниот градоначалник Марко Колев во своето обраќање се заблагодари до УНДП за овој и другите проекти финансирани од УНДП за Општина Велес и најави дека соработката со нив продолжува.