Велика Британија: Безбедносната ситуација во Црвеното Море се влоши

Велика Британија денеска предупреди дека безбедносната ситуација во Црвеното Море се влошила поради вооружените дејствија на јеменските Хути, наведувајќи во соопштението дека уништувачот ХМС Дајмонт на британската кралска морнарица се приклучил на новата меѓународна оперативна група за заштита на бродовите во регионот.

Италијанската морнарица ќе испрати и еден од своите воени бродови за да помогне во заштитата на бродските рути на Црвеното Море, објави денеска италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето.