ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОБУЧУВА 2.000 КОМАНДОСИ ОД УКРАИНА – Доаѓа битката што може да го сврти целиот тек на војната: “Ова ќе го погоди Владимир Путин во срце!“

Британските трупи обучуваат елитна украинска бригада командоси која наводно се подготвува да го врати полуостровот Крим пред празникот Божиќ.

Ова го тврди британскиот весник Sunday Times, повикувајќи се на неименувани извори од Министерството за одбрана на Велика Британија.

Наводно повеќе од 2.000 војници пристигнале на оддалечена локација односно во Дартмур за да учествуваат во специјални вежби. Изворите наведуваат дека командосите ќе ја сочинуваат главнината на инвазијата додека други единици истовремено ќе ги напаѓаат руските позиции.

Операцијата, наводно, ќе вклучува воздушни и поморски напади, додека оклопните единици ќе ја нарушат одбраната според планот со помош на нова набавка на ракети со долг дострел што се снабдуваат од западните земји.

Обуката вообичаено се изведува во базата во Девон, која е затворена за сите други воени единици и граѓани. Вежбата, која вклучува и напади во текот на ноќта, ја надгледуваат искусните британски маринци.

Извор од Министерството за одбрана на Велика Британија кажале дека акцентот бил ставен на користење на агилни тактики на НАТО за да им се помогне на украинските трупи да го обликуваат борбениот простор пред да удрат во срцето на непријателот.

Операцијата за повторно заземање на Крим ќе претставува повеќекратни напади врз руските сили. Можеме да ги тренираме со нашата тактика и да им покажеме како да ја користат опремата, но успехот ќе дојде од сопствената способност на Украина брзо да се прилагоди и да ги надмине предизвиците“, изјавил еден од неименуваните извори за споменатиот британски весник.

Воениот експерт Кир Гилс верува дека блицкриг веројатно нема да даде резултати доколку руските сили не бидат целосно уништени.

Доколку нападите на мостот ‘Керч’ продолжат и железницата се прекине, а тоа се совпадне со офанзивата што се заканува во други правци, тоа мора да влијае на контролата на Русија врз Крим“, наведува Кир Гилс.

Инаку, Велика Британија веќе обучила 18.000 украински војници од пешадијата. Уште 60 војници од фронтот го завршија Курсот за водачи на одреди на британската Армија што им овозможува да се вратат во Украина и да продолжат да служат како клучни команданти на единици или команданти на трупите.