Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, вели дека претседателските и парламентарните избори треба да се одржат заедно, пренесува Телеграф Македонија.
Според Вељаноски, од прегледот на изборните процеси во изминатите 33 години, се забележува дека во три случаи (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено.
„Затоа, кога станува збор за претстојните парламентарни и претседателски избори, апсолутно е јасно дека нема никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да има одвоени претседателски и парламентарни избори, освен партиските калкулации на власта, пишува Вељаноски на својот Фејсбук профил.
Редовниот мандат за избор на претседател трае до последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, сметајќи наназад од 12 мај. Или, првиот круг во периодот од 14 март до 21 април следната година.