– Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена за големата награда на Австралија. За Холанѓанецот ова беше 37 победа во кариерата.
Третата трка сезонава во Ф-1 ја одбележаа голем број инциденти, жолти и црвени знамиња и последен круг без престигнувања.
Од 20 болиди кои се појавија на стартот, на крајот трката ја завршија само 12.
Трката беше прекината со црвено знаме по несреќата на пилотот на Вилијамс Алекс Албон во 7. круг. Вториот пат трката беше прекината со црвени знамиња по излетувањето на Кевин Магнусен од Хас во заштитните бариери во 54. круг. Пилотите мораа да поминат два тркачки круга, но трката беше прекината по трет пат веднаш по рестартот поради бројни несреќи. Како резултат на тоа, Гран При заврши зад безбедносното возило.
Конечен пласман:
1. Макс Верстапен (Ред Бул)
2. Луис Хамилтон (Мерцедес)
3. Фернандо Алонсо (Астон Мартин)
4. Ленс Строл (Астон Мартин)
5. Серхио Перез (Ред Бул)
6. Ландо Норис (Мекларен)
7. Нико Хулкенберг (Хас)
8. Оскар Пјастри (Мекларен)
9. Жоу Гуангју (Алфа Ромео)
10. Јуки Цунода (Алфа Таури)
11. Валтери Ботас (Алфа Ромео)
12. Карлос Саинц (Ферари).
Во Генералниот поредок Верстапен е лидер со 69 бодови, пред Перез со 54 и Алонсо со 45 освоени бодови.
Кај конструкторите води Ред Бул со 123 бода, пред Астон Мартин со 65 и Мерцедес со 56 бода.