Верстапен победи на Големата награда на Абу Даби

 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во последната трка од шампионатот во Формула 1 во 2023 година возена за Големата награда на Абу Даби. Ова е негова четврта победа во кариерата на оваа патека.

Шарл Леклер од Ферари заврши на второто место (+17,993 секунди), додека трет беше Џорџ Расел од Мерцедес (+20.328).

Севкупно, Верстапен победи на 19 трки оваа сезона. Холанѓанецот ја освои титулата во Формула 1 по трет пат во кариерата. 

Вицешампион стана клупскиот колега на Верстапен, Серхио Перез. За прв пат, возачите на Ред Бул ги зазедоа првите две места во поредокот на Ф1 возачи на крајот на годината. 

Австрискиот тим го освои шампионатот за конструктори втора сезона по ред, пред Мерцедес и Ферари.