Тренерот на фудбалскиот клуб Арсенал, Микел Артета е во депресија по болното губење на шампионската титула на крајот од сезоната.
Арсенал 284 дена ја држеше лидерската позиција на табелата, но поради очајниот финиш на сезоната на крајот остана без трофеј. По поразот на Арсенал од Нотингем Форест, Манчестер Сити ја одбрани титулата во Премиер лигата.
Очајниот Микел Артета им се извини на навивачите на лондонскиот клуб.
„Им се извинувам на навивачите. Верував дека можеме да ја освоиме титулата. Играчите не веруваа и тоа е моја одговорност. Кога ќе стигнете до април и мај, треба да имате 24 играчи подготвени. Ги немавме од различни причини“, изјави Шпанецот.
Арсенал имаше се во свои раце, но на крајот прокоцка голема шанса.
„Работевме напорно 11 месеци и долго бевме на врвот. Се боревме но тоа не беше доволно. Мораме да се опоравиме, ова многу боли. Морам да најдам начин да ги подигнам играчите. Поради индивидуални грешки изгубивме бодови на три или четири натпревари во кои моравме да освоиме по три бода. На крајот, горди сме затоа што го притиснавме Манчестер Сити до крајот, тие само еднаш ја загубија титулата во последните шест сезони“, изјавил Микел Артета.